„Референдумот во Република Српска нема законска основа. Ние очекуваме и ги охрабруваме инситутциите во БиХ да ги решат сите отворени прашања во рамки на постоечката уставна рамка и преку конструктивен дијалог“. Ова го изјави Маја Коцијанчич, портпаролот шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, наведувајќи дека важно е за сите страни да се воздржат од активности што можат да ескалираат и Босна и Херцеговина да се посвети на реформи во економската и социјалната политика што ќе ја приближи кон Европската унија. На вчерашниот референдум во Република Српска 99 проценти од излезените гласачи го поддржаа предлогот 9 јануари да се слави како ден на српскиот ентитет во БиХ.