Босанските срби се изјаснија за Денот на РС

Босанските срби изгласаа на контроверзниот референдум кој се одржа и покрај забраната од Уставниот суд во Сараево, 9 јануари да биде Ден на Република Српска. Властите на РС соопштија дека од над 70 насто пребројани гласови на вчерашниот референдум 99,8 проценти го поддржале празникот. Одѕивот на гласачите бил меѓу 56 и 60 насто. Претседателот на РС Милорад Додик изјави дека рефрендумот ќе влезе во историјата како ден на „српската решителност“. „Горд сум на народот на Република Српска и на сите кои дојдоа и гласаа“, изјави тој на Пале во близина на Сараево.