Советот за безбеност на Обединетите Нации силно ја осуди последната нуклеарна проба на Северна Кореја и започна дискусија за преземање на „значајни мерки против Пјонгјанг“, вклучително и нови санкции.
Советот брзо се согласи со вчерашната изјава во која се осудува до денес најмоќната подземна експлозија на северот, по состанокот зад затворени врати на САД, Јапонија и Јужна Кореја.
Во изјавата на Советот е истакната „сериозноста на повредата и флагрантното непочитување на претходните резолуции на ОН од страна на Пјонгјанг“ и се наведува дека ќе бидат преземени значителни мерки како одговор.
Северна Кореја ги отфрла обвинувањата, соопштувајќи дека минато се деновите кога САД можеле да прават нуклеарни уцени против земјата.
Пјонгјанг соопшти дека на 9 септември извршиле нуклеарна проба на високо ниво, што е негов петти тест и втор во осум месеци.