Предвремени парламентарни избори на 11 декември

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Одржување на предверемени парламентарни избори на 11 декември е исходот од лидерската средба на лидерите на четирите најголеми партии во земјава потписнички на Договорот од Пржино. Претходно на средбата лидерите констатираа дека се исполнети сите услови за одржување на изборите. Парламентот ќе се распушти согласно Уставот, а техничката Влада треба да биде изгласана на 2 септември, односно во петок на 100 дена пред избори.