Невработеноста во Грција во мај изнесувала 23,5 проценти, што е највисока стапка во Европската унија, соопшти Евростат. Во Грција има 1,12 милион невработени. Стапката на невработеност кај мажите е 19,5 проценти и кај жените 28,5 проценти. Додека половина од младите до 25 години се невработени. Стапката на невработени млади во мај изнесува 50,3 проценти, а во мај изнесувала 47,3 проценти.
Според последниот извештај на Евростат, невработеноста во ЕУ и еврозоната, исто така, била непроменета. Бројот на невработени во ЕУ изнесува 21 милиони луѓе.
После Грција, која е на прво место по највисока стапка на невработеност во ЕУ, следува Шпанија со 19,6 проценти, а додека Малта со 3,9 проценти, Чешка и Германија со по 4,2 проценти имаат најниски стапки на невработеност.