Организацијата Хјуман рајтс воч (ХРВ) ја повика германската влада да побара од туркменистанскиот претседател Гурбангули Бердимухамедов за ги реши сериозните проблеми со човековите права во земјата.
Во денешното соопштение, организацијата ја повикува германската канцеларка Ангела Меркел на состанокот со претседателот на Туркменистан во Берлин закажан за крајот на месецов, да застанат во одбрана на оние кои не можат да си ги остварат своите права во Туркменистан. Во соопштението се спомнува и дописникот на РСЕ од Туркменистан, Сапармамед Непескулиев кој, според Хјуман рајтс воч, е лажно осуден за користење на дрога. Владата на Туркменистан принудени тројца други дописници на РСЕ да престанат да работат. Туркменистан се смета за една од најрепресивните држави во светот и се наоѓа на дното на листите по човекови слободи и права и демократија.