Односите меѓу двете земји, дијалогот Белград-Приштина и односите меѓу земјите на Балканот, биле тема на разговор меѓу потпретседателот на САД Џо Бајден и премиерот на Србија Александар Вучиќ.
„Разговаравме за три многу важни теми, билатерaлните односи САД - Србија, дијалогот Белград - Приштина и можниот напредок во иднина, а третата тема беа регионалните односи и како тоа се одржазува на европскиот пат на Србија“, рече Вучиќ по средбата со Бајден во Палата Србија.
„Мојата посета на Србија е кратка, но многу работи постигнавме“, рече Бајден по состанокот.
Освен со Вучиќ, Бајден се среќава и со српскиот претседател Томислав Николиќ.
Околу Палата Србија има силно обезбедување, а околината ја надлетуваат хеликоптери. По посетата на Србија Бајден ќе го посети Косово.