Потпретседателот на САД Џо Бајден стигна во Белград. Тој ќе се сретне со претседателот и со премиерот на Србија. На аеродромот во Белград, Бајден беше пречекан од премиерот Александар Вучиќ.
Американскиот потпретседател по средбата со премиерот Александар Вучиќ во Палата Србија, ќе има обраќање пред медиумите, а потоа ќе разговара со претседателот Томислав Николиќ.
Потоа заминува за Приштина, а на Косово ќе остане два дена, велат тамошните власти. Утре таму ќе се сретне со претседателот Хашим Тачи и со премиерот Иса Мсутафа. Бајден и неговата сопруга ќе го посетат и местото во близина на Бонстил каде ќе се одржи церемонија и ќе се именува улица по нивниот починат син Бо Бајден .