Еквадорските власти соопштија дека се подготвени да им овозможат на обвинители од Шведска да го испрашаа Џулијан Асанж во амбасадата на Еквадор во Лондон. Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Еквадор се наведува дека ќе одредат датум во наредните недела за кога ќе може да биде испрашуван основачот на Викиликс. Шведската полиција го бара Асанж по обвиненија за силување во 2010. Тој ги негира обвинувањата против него. Во јуни 2012 година, Асанж побара засолниште во амбасадата на Еквадор во Лондон и се уште се крие таму. Асанж стравува дека ако биде екстрадиран во Шведска, веднаш ќе биде испратен во САД каде му се заканува судење во врска со објавувањето на тајни документи на Викиликс.