Лицето кое се гледа на снимката не е дел од придружбата, ниту пак дел од тимот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, и не е член на партијата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на пишувањата дека придружник на Груевски физички нападна волонтер кој помагал на поплавените во Сингелиќ. Од владејачката партија велат дека се работи за човек кој е дел од локално население, каде мнозинството се етнички Албанци на кои им се помага во расчистување на последиците од невремето.
Човекот за кога ВМРО-ДПМНЕ тврди дека не е нивен член, а кој го удира активистот, во рацете носи папка и држи пенкало, а освен на снимката, се појавува и во галерија на МИА со наслов „Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во посета на Сингелиќ, Булачани и Шуто Оризари“, сликана денеска.
Претходно бугарската телевизија Нова јави дека физички беше нападнат активист кој помага во полавените региони од страна на придружник на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Активистот на Левица Гоце Маркоски кој им помагал на поплавените во Сингелиќ сакал на Груевски да му каже дека на населението му треба помош, а не паради, кога еден од придружниците на Груевски почнал да го турка, а му удрил у бокс.