ЕУ и соседните земји понудија помош за Македонија

Европската унија синоќа искажа подготвеност да им помогне на македонските власти во справувањето со последиците од невремето во скопско и тетовско. Во овие тешки моменти, ЕУ е подготвена да им помогне на властите преку Механизмот за цивилна заштита на Унијата доколку таква помош е потребна, се наведува во соопштението од Делегацијата на Европската унија во Скопје. ЕУ изразува најдлабоко сочуство на семејствата на оние кои ги изгубија своите сакани за време на поплавите и изразува надеж за брзо опоравување на сите повредени.

Претходно, помош понудија и Албанија, Црна Гора и Србија.