Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави во телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека Грција ќе ги екстрадира осуммината војници, кои со хеликоптер пристигнаа во Грција и побараа политички азил, јави Анадолија.
Во телефонскиот разговор Ердоган и Ципрас разговарале за последните случувања во Турција. Грчкиот премиер изјави дека ќе стори се што е потребно за екстрадиција на војниците, кои избегале од Турција.
Хеликоптер со осуммина приврзаници на пучот слета вчера во градот Александрополис во северниот дел на Грција. Сите војници во хеликоптерот побарале политички азил.