Издавањето на еврообврзница на износ од 650 милиони евра е директно прекршување на Законот за Буџет, Законот за Влада, Договорот од 2 јуни/15 јули 2015 година и Кривичниот законик и ќе биде предмет на оспорување по промената на власта, се вели во соопштението на СДСМ по, како што наведуваат, денешното отпочнување на процесот за нејзино издавање.
Според партијата, сите раководни лица во државните институции инволвирани во нејзиното издавање ќе одговараат.
Тие повторно ги известиле и агентите за издавање на еврообврзницата Сити Груп, Дојче Банк, Ерсте Банк, Сосиете Женерал и потенцијалните инвеститори дека ова задолжување е незаконско и ќе биде предмет на оспорување како законски јавен долг по промената на власта.