НАТО одобри распоредување војска во Источна Европа

Лидерите на 28 земји-членки формално овластија четири мултинационални баталјони со повеќе од илјада војници да бидат предводени од Канада, Германија, Британија и Соединетите Американски Држави. Тие ќе бидат стационирани во Полска и во три други балтички држави.

Лидерите на земјите-членки во НАТО го одобрија новото големо распоредување на вооружените сили во источна Европа, како директен одговор на растечката борбеност на Русија. Ова е најголем ваков потег од Студената војна досега.

Одлуката беше донесена во пресрет на дводневнит самит на алијансата во Варшава кој почна вчера. Американскиот претседател Барак Обама рече дека состанокот е можеби еден од најважните моменти за трансатланската алијанса во последните 25 години.

Покрај од Русија, НАТО се соочува со зголемен број предизвици вклучувајќи ги екстремистите од Исламска држава, сајбер нападите и милионите бегалци кои мигрираат во Европа. Во позадина на настаните се и резултатите од реферндумот во Велика Британија за излегување од Европската унија.

Лидерите на 28 земји-членки формално овластија четири мултинационални баталјони со повеќе од илјада војници да бидат предводени од Канада, Германија, Британија и Соединетите Американски Држави. Тие ќе бидат стационирани во Полска и во три други балтички држави.

Фокус на голем дел од самитот е Русија, која го презема кримскиот полуостров од Украина во март 2014 година и ги поддржува сепаратистите кои во војната со силите на Киев убија повеќе од 9300 луѓе во источниот дел од земјата.

Обама во коментар објавен во Фајненшл тајмс, непосредно пред почетокот на самитот, оцени дека руската агресија кон Украина и се заканува на нивната визија за Европа како слободна и мирна.

Руското мешање во Украина ја зголеми загриженоста и во Полска, Естонија, Латвија и Литванија кои беа под контрола на Москва до распаѓањето на Советскиот сојуз пред четврт век. Сите сега се членки на НАТО.

“Сведоци сме на политика на агресија и недостиг на почитување на меѓународниот закон, внатрешниот суверенитет и територијален интегритет”

рече полскиот претседател Анджеј Дуда во своето воведно обраќање.

Руското вмешување предизвикува загриженост и кај други европски земји, па лидерите на Финска и Шведска кои не се членки на НАТО, за првпат присуствуваат на самитот. Владите во двете земји ја дискутираа можноста за поблиска соработка, па дури и зачленување во алијансата.

Столтенберг и другите лидери исто така се обидуваат да понудат и излез од ситуацијата со Москва наведувајќи дека алијансата ќе продолжи да бара конструктивен и смислен дијалог со Русија која, како што нагласи, составен дел од европската безбедност.

“НАТО не бара конфронтации. Студената војна е историја и треба да остане историја” рече Столтенберг.

Советот НАТО-Русија кој беше воспоставен во дeведесетите години на минатиот век ќе одржи состанок идната недела, втор за оваа година. Советот престана со работа во 2014 година по руското заземање на Крим. Францускиот претседател Франсоа Оланд исто така испрати порака за помирување кон Русија, наведувајќи дека не смета дека таа е закана туку повеќе партнер.

"За Франција, Русија не е противник, не е закана” рече Оланд.

Бен Роудс кој е висок претставник на Белата куќа пак упати строга порака кон Русија наведувајќи дека ако Москва продолжи со агресијата може да предизвика одговор од НАТО.

"Ако Русија продолжи со агресивното однесување, ќе има одговор и ќе има поголемо присуство во источна Европа” рече тој.

Покрај воените сили, западните земји тврдат и дека рускиот претседател Владимир Путин користи сајбер напади, пропаганда и други методи во обидите да ги дестабилизира европските земји и да го поткопа западното единство.

Во Москва, портпаролот на Кремљ Димитри Пешков рече дека е апсурдно да се зборува за закани од Русија.

“Русија беше и е отворена за дијалог и заинтересирана за соработка, но само врз основа на взаемна корист и земајќи ги предвид заедничките интереси” рече Пешков на вчерашната прес конференција.

Во интервју за весникот Комерсант, рускиот амбасадор во НАТО Александар Грушко, пак, оцени дека алијансата имала конфронтирачка агенда и дека Москва ќе преземела контрамерки.

Како и да е лидерите на земјите членки на НАТО наведуваат дека руската агресија во Украина е тоа што довело до распоредување на дополнителни сили.

На самитот на НАТО во Варшава присутсвува и Црна Гора како набљудувач откако го потпишаа првичниот договор во мај. Балканската земја се очекува формално да влезе во алијансата идната година.