Политичарите да не ја злоупотребуваат несреќата на семејството Алиу од Куманово за политички цели, побараа денеска демонстранти на протестниот марш во Куманово. Побараа и максимална казна за човекот кој намерно го прегази семејството, по што четиригодишниот Алмир Алиу почина. Човек намерно ги прегазил по банална расправија во болницата во Куманово. Сeмејството на малиот Алмир побара да не се партизира случајот. Тие не поддржуваат протест, кој според нив, би можел да поттикне понатамошни инциденти или меѓуетничка омраза. И од семејството на човекот кој со автомобил удри во семејството Алиу изразија жалење и побараа надлежните институции да го решат случајот.