Протест во Куманово

Куманово

Денеска во Куманово под мотото „За правда“ е најавен протестен марш во чест на четиригодишниот Алмир Алиу, кој почина откако беше прегазен со автомобил. Протестот започнува во 15 часот, а според најавите на невладината организација „Зени“, ќе се маршира по патиштата кои водат до судовите, општината и полициската станица. Инаку, инцидентот во кој Амир се здобил со повреди започнал со кратка расправија во амбулантата во Куманово.