НАТО и новите предизвици од Русија

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Лидерите од 28 земји- членки на НАТО ќе се соберат во главниот град на Полска на клучен состанок на 8 и 9 јули. Самитот во Варшава ќе биде фокусиран врз зајакнување на силите на Алијансата во источна Европа за одвраќање на растечки агресивната Русија.Се очекува лидерите на НАТО да го одобрат планот за распоредување на 4 баталјони во Полска и во балтичките држави. Во пресрет на состанокот, регионот е домаќин на една од најголемите вежби на НАТО од крајот на Студената војна.