Бренан: ИД веќе има повеќе борци од Ал Каеда

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Шефот на ЦИА Џон Бренан предупреди во американскиот Конгрес на опасноста од евентуални индивидуални терористички напади. Бренан наведе дека постојат десетици илјади борци на Исламската држава во целиот свет, што е повеќе од оние што ги имаше терористичката мрежа Ал Каеда.