Поголема вклученост на НАТО во борбата против ИД

НАТО соопшти дека разгледува повеќе да се вклучи во борбата против милитантите на Исламската држава. Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг прецизира дека се надева оти за тоа ќе биде постигната согласност на самитот на НАТО во јули во Полска. Освен обуката на ирчаки војници, НАТО ја разгледува и можноста за директна поддршка на коалицијата предводена од САД во борбата против ИД. Американскиот секретар за одбрана Еш Картер ја поздрави иницијативата.