Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг ја повика Русија да ги повлече своите сили и воена опрема од Украина и да престане да ги поддржува сепаратистите на истокот на земјата.
Столтенберг денеска ги даде коментарите по состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, на кој исто така присуствуваше украинскиот министер за одбрана Степан Полторак.
Руските власти постојано негираат дека испратиле трупи или воена опрема во Украина и покрај доказите за спротивното.
Столтенберг нагласи дека Алијанската ќе продолжи да биде на страната на украинската влада и оти никогаш нема да ја признае илегалната анексија на Крим од 2014 година.
Тој додаде дека како одговор на руските акции во Украина, НАТО ја засили поддршката за земјата.
Столтенберг потенцираше дека Русија продолжува да ги поддржува сепаратистите во источна Украина со достава на опрема и советници.