Под мотото „Градот хуман пак ќе никне“ денеска напладне на плоштадот Македонија во Скопје ќе се одржи протест против нехуманиот третман на животните и континуираното убивање и измачување.Организатор е Здружението за заштита на животните Анима мунди кои упатија и неколку бања:
-Итен прекин на убивањето во Вардариште, раскинување на договор за работа со Ветеринарната болница Автокоманда, а ветеринарите да бидат казнети за нехумано убивање во стационарот,
-Влез на активистите за заштита на животните во Вардариште како овластено тело за надзор на спроведување на Програмата на град Скопје,
– Отпуштање на дел од вработените во Вардариште препознатливи по нехуманоста кон кучињата.