Кордонот пробиен, владата мета на чаталите

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Неколку илјади демонстранти од Шарената револуција стигнаа на протест пред владата, која повторно стана мета на нивните големи чатали со боја, откако претходно успеаја да ги пробијат полициските кордони. Полициски специјалци, засилени со оклопни возила и водени топови ги блокираа сите приоди кон владата. Сепак, демонстрантите успеаја да пробијат, прво еден од помалите кордони на споредните улички, а потоа специјалците се повлекоа и демонстрантите стигнаа пред владата.