Основното јавно обвинителство соопшти дека од досегашниот тек на предистражната постапка во предметот за Коста Крпач, утврдиле дека станува збор за самоубиство.
„И покрај тајноста на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство – Скопје за утврденото ја известува јавноста, со цел отстранување на шпекулациите.
Постапката по предметот во Обвинителството и натаму тече за утврдување на причините и околностите под кои настапила смртта на лицето К.К.“, велат од ОЈ.
Крпач минатиот месец беше пронајден мртв во неговиот стан и беше еден од 56-те помилувани лица на листата на претседателот Ѓорге Иванов.