Русија соопшти дека започнала „мерки без преседан“ за развивање на воена инфраструктура на Курилските Острови на далечниот исток на земјата, каде Москва и Токио имаат територијални претензии.
Генарал полковник Сергеј Суровкин, кој е командант на источниот воен округ денеска изјави дека мерките вклучуваат „планирани вооружувања на единиците и формациите.“
Русија презема чекори за да се „исклучи појава и на најмали ризици“, додаде Суровкин.
Тој исто така истакна дека руската морнарица овој месец испратила шест бродови на експедиција на еден остров на Курилскиот архипелаг за да ја „проучат можноста за поставување на идната база на силите на Пацифичката флота.“
Несогласувањето околу Курилските Острови, коишто Русија ги зазема од Јапонија на крајот на Втората светска војна, беа причина за затегнување на односите меѓу двете земји.