Господине Најдовски според последното истражување на Стопанската комора странските инвеститори ќе ги одложат своите планови за инвестирање. Како тоа ќе се одрази врз економијата?
Секое одложување на одредена инвестиција има негативен одраз врз економијата, бидејќи, без разлика дали се работи за домашни или за странски инвеститори, секоја нереализирана инвестиција е одраз. Но јас не сум убеден во тоа дека странските инвеститори во Република Македонија ги одложуваат инвестициите поради политичката ситуација во земјата, туку напротив имаме една ситуација во која оние странски инвеститори коишто имаат привилигирана положба кај нашата влада, кои што добиваат високи субвенции како за изградба на објектите, така и субвенции за давачки кон државата, тие уште повеќе би сакале да вложуваат бидејќи без сопствени вложувања добиваат профит, така што во овој момент не сум многу убеден дека ќе има одложување на странските инвестиции како резултат на политичката криза, туку како резултат на економските состојби во државата, на приликите во кои одредени инвеститори се привилигирани во однос на други и од вкупниот економски амбиент.
Што конкретно е проблематично во економскиот амбиент?
Првин проблематична е привилигираноста на одредени инвеститори во однос на други, тоа е едно. Второ е недефинираноста и непостојаноста на законите, прикриените давачки кои го оптоваруваат стопанството, бидејќи странците не гледаат каква е една стапка на данок, туку тие ги гледаат вкупните давачки коишто го чинат неговото производство. Пробламатична е и нашата лоша патничка и железничка инфраструктура со што дополнително му се оптоварени трошоците. Една од главните пречки со кои се соочува стопанството кај насе проблематичното судство, каде што законите се толкуваат во зависност од тоа на кога се однесуваат во даден момент и непостојаноста во таа судска заштита на сопственоста. Тоа секако дека влијае на одлуките за инвестирање и она што ги оддалечува од нас, би рекол дека тоа е еден комплексен проблем којшто во даден момент го оптоварува нашето стопанство и е многу влијателно за намалениот број на инвеститори и во маса на пари кои се инвестираат во Македонија.