Како да биде поразена екстремистичката идеологијата на ИД?

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Терористичката група Исламска држава, на воен план, станува се понемоќна, но, како што предупредуваат познавачите во Вашингтон, потребни се поголеми напори на државите за да биде поразена исламистичката екстремистичка идеологија. Се проценува дека над илјада лица од Балканот и се приклучиле на терористичката група Исламска Држава, на боиштата во Сирија и во Ирак. Посебно загрижувачки е што дел од оние што се враќаат, се закана за безбедноста, а се обидуваат да ја шират таа идоеологија и дома.