Андоновски – Мора да има правда и одговорност
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Не ни помислував дека Македонија ќе дојде до тој степен каде што ќе имаме новинари коишто прават списоци за предавници, каде во Министерството ќе се прават списоци на подобни и неподобни автори, каде уметници, наместо да се борат за слобода, ќе повикуваат на гумени куршуми врз сопствениот народ, каде ќе има „спонтано“ собрани граѓани кои ќе ги чистат трагите на слободата, вели писателот Петар Андоновски.