Владата ги отфрла обвинувањата на СДСМ за двојното оданочување со Џерси

Владата ги негираше денешните тврдења на СДСМ во кои обвини дека Владата предводена од премиерот Емил Димитриев на последната седница разгледувала информација за склучување договор за одбегнување двојно оданочување со островот Џерси, наместо да разгледува информации за прочистување на Избирачкиот список и создавање услови за регуларни и фер избори.

Како што соопшти прес-службата на Владата, на минатата седница Владата, и тоа како материјал за информирање а не како материјал за одлучување, го разгледуваше процесот на можноста за склучување на ваков вид договор со островот Џерси, како што тековно се разгледуваат ваквиот вид можности и за други земји и субјекти од светот, и тоа во функција на градење на економски односи.

Според СДСМ, станува збор за држава позната како даночен рај со која техничката Влада очигледно ќе воспоставува соработка.