Луѓето тешко ја одвојуваат политиката од животот поради кризата, но велигденските празници се денови кога се собира семејството и тие се момент кога политиката треба да се тргне на страна и политичките страсти да стивнат. Ова го кажуваат најголемиот дел од македонските граѓани откако во изминатите денови најголемиот дел од луѓето беа втурнати во напнатост и неизвесност поради отсуството на дијалог меѓу политичките партии за надминување на политичката криза. Поради тоа луѓето велат дека имаат чувство дека политиката ги следи на секој чекор и оти тоа влијае многу негативно на општата атмосфера во државата. Велигден е верски празник и граѓаните секогаш убаво и празнично го славата, но наместо тоа овојпат ги пресретна политиката, коментираат некои од нив.
Практично проблемите почнуваат со секој работен ден. Кога сме дома немаме никакви проблеми во кругот на семејството. Верски празник е, се оди во црква, се дружиме со сили кои се надвор од досегот на секојдневието, така да нема да има проблем мислам.Анкетиран граѓанин.
„Влијае како да не влијае. Луѓето се потресени. Ситуацијата ни е сега статус- кво. Не знаеме што ќе биде. Сите се плашат. Почнаа луѓето да ги вадат парите од банките. Не се знае што ќе биде. А инаку сега моментално за празниците, сега треба да се тргне, да не постои политиката, само институциите да си ги вршат своите работи.“
„Со оглед дека Велигден е верски празник сите верници празнично, убаво ќе го прославуваат. Практично проблемите почнуваат со секој работен ден. Кога сме дома немаме никакви проблеми во кругот на семејството. Верски празник е, се оди во црква, се дружиме со сили кои се надвор од досегот на секојдневието, така да нема да има проблем мислам.“
„Треба да се одмориме малку. Да поминат празниците па натаму како ќе биде ќе видиме. Нека најдат начин, едно разбирање. Ова и за народот е лошо. Како пензионер сакам да биде државата мирна, да биде убаво, да живееме добро.“
Состојбата во државата се комплицираше по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на политичари поврзани со прислушувањата, што предизвика протести кои се одржуваат речиси три недели, а имаше и контра протести. Поради тоа луѓето велат дека имаат чувство дека политиката ги следи на секој чекор и оти тоа влијае многу негативно на општата атмосфера во државата.
Сликата која отиде и во светот и поради која добивме најави и за можни санкции од претставниците на Меѓународната заедница навистина е грда, но тоа е слика на нашите животи, велат граѓаните коментирајќи ги политичките конфронтации во земјава. Тие велат дека политичарите се виновни што ги исполитизирале граѓаните и оти тоа се враќа како бумеранг. Тие велат дека желбата на политичарите односите меѓу луѓето да ги претворат во политиката ги нервира луѓето. Граѓаните порачуваат дека политичарите треба да ги спојуваат, а не да ги раздвојуваат луѓето и очекуваат дека вакви работи повеќе нема да ни се случуваат.
„Не знам што да кажеме сега кој е во право, кој е во криво. Треба да знаат политичарите. Лоша работа испадна, го поделија народот. Многу лоша работа, зборувам за македонскиот народ. Место државата да оди напред таа стагнира. Треба да најдат некој инструмент, да се доближат и државата да оди напред.“