Неколку стотици граѓани се собраа пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство за поддршка на оваа институција. Тие во рацете носат ливчиња на кои пишува „шарена револуција“, свират со свирчиња и пратат бука. Десетти ден по ред демонстрантите протестираат против политиките на власта. Протестите започнаа поодлуката за аболиција на политичари од страна претседателот Ѓорге Иванов. Демонстрантите меѓу другото бараат одлуката да се укине, Иванов да си даде оставка од функцијата претседател, да се повлече одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни. Протестите се во организација на движењето „Протестирам“.