Во Солун состанок за миграциската криза

Денеска и утре во Солун ќе се одржи средба на министрите за надворешни и внатрешни работи на Грција, Албанија, Бугарија и Македонија посветена на прекуграничната соработка. Средбата е на иницијатива на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас. На средбата ќе учествуваат и претставници на Европската комисија и на Министерството за надворешни работи на Холандија, како земја претседавач со Советот на Европската унија. На денешниот состанок главна тема ќе бидат предизвиците на миграцијата и регионалната соработка. Утре ќе се разговара за соработката во борбата против трговијата со илегални мигранти и терористичките мрежи.