ГДОМ - Никој ништо не ти може, Никола
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Со зурли и тапани, македонски народни песни и извици „Никој ништо не ти може, Никола“, неколку илјади луѓе, во организација на провладиното Граѓанско движење за одбрана на Македонија“ пристигнаа на протест пред седиштето на СДСМ во Скопје. Полицискиот кордон е поставен на крстосницата на улицата, на стотина метри од седиштето на опозициската партија, но демонстрантите не се ни обидуваат да го поминат кордонот. Велат дека протестираат против аболицирањето на лидерот на СДСМ Зоран Заев и поранешениот прв разузнавач Зоран Верушевски, како и против, како што велат, обидите на СДСМ за растурање на Македонија.