Пред десет години во нашата чудесна Македонија пристигна украсно шарениот циркуз на ВМРО-ДПМНЕ. Тој беше полн со интересна и убедувачка дружина на „чоечиња“ кои долго патуваа низ своето историско време за пред граѓаните еден ден им ја претстават својата атрактивна партиска програма во секое село и во секој град.
Многу работи се случија на кои човек не може да ги поправи ни за педесет години. Разурнато е секое поле на кое може човек да се потпре. Разнишани се темелите на судскиот и безбедносниот систем на земјата.
Циркузот беше најавен како невидена атракција дотогаш, со труби и тропање на барабани, градовите изналепени со шарени плакати, со портокалови знамиња, а по улиците автомобили кои го најавуваат циркузот, а од звучниците ечеше повикот:„..за првпат во вашиот град, се најавува претстава со нови чуда, преродба во сто чекори, остваруваме и ве наградуваме“ И така шоуто почна!
Граѓаните кои го сакаат патувачкиот циркуз гласно го поздравуваа, додека другите се муртеа и правеа кисели фаци како и за сè друго. Разумните си молчеа и си свиркаа и фаќаа сеир околу циркузатнското чудо за да еден ден одговорат мудро.
Почитувани граѓани, во последните десет години од сцената на режимската власт се случија неверојатни и чудни нешта кои ни го одзедоа здивот – и тоа шумски ѕверки облекоа костуми, магариња станаа професори и академици, свињи проговорија на телевизиските екрани, пудли во хор кои ја пеат химната, овци станаа службеници и со кренати нозе на работните маси читаат весници и порно списанија во канцеларии, папагали држат говори, а мајмуни ќе бидат банкари... Почитувани граѓани, Вие сте сведоци и на откривањето на тајната вечера на Македонија! Вашиот паричник ќе биде полн на еден чудесен начин со пари и покрај тоа што пак ќе ви остане празен. Ќе ја почувствувате и несовладливата моќ на хипнозата од страна на волшебникот и многумина од вас ќе проодат на раце, ќе рипаат од радост на една нога, ќе кукурикаат, ќе лаат, ќе мјаукаат, ќе си го изедат сопственото говно, ќе се соблечат пред сите и голи ќе шетаат низ плоштадите или со насмевка ќе си го убијат сопствено дете по наредба на волшебникот.
Многу работи се случија на кои човек не може да ги поправи ни за педесет години. Разурнато е секое поле на кое може човек да се потпре. Разнишани се темелите на судскиот и безбедносниот систем на земјата. Граѓаните на Македонија уште од осамостојувањето невидоа бел ден, секоја година се по нешто ни се случува. Но, сето ова може да биде реализирано само од манијаци и малоумници кои не мислат на другите, освен за себе и за фамилијата. Но, и тоа има крај. Крај за нов почеток.
Почитувани граѓани, кога целото општество е под циркуски шатор тогаш ништо не работи и никој ништо не заработува, а земјата пропаѓа. Во циркускиот шатор сè е лажно сјајно и раскошно, а надвор е пустош. Затоа, не ви треба многу ум за да разберете дека секој циркус не трае вечно и дека претставата конечно мора да заврши кога циркузантите ќе заминат од сцената, а на нивно место ќе дојде еден нов циркус со различна перцепција од другиот. Тоа еднаш мора да престане. Доколку и новиот не внесе нова Јустиција за добро владеење на правото, демократијата, почитувањето на правата на граѓаните, ќе биде казнет како и неговиот претходник.
Затоа циркусот е патувачки. Денес е во вашиот град, а утре заминува во историјата.
Радио Слободна Европа не секогаш се согласува со ставовите на авторите на колумните. Изнесените ставови на авторот можат, но не мораат да ја рефлектираат уредувачката политика на медиумот.