Полициски кордон го блокира пристапот на демонстрантите кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во центарот на Скопје. Ситуацијата сега е мирна, откако демонстрантите не успеаја да го пробијат кордонот. Од разгневените демонстранти настрада само една улична светилка.
Неколку стотини луѓе, организирани на социјалните мрежи, излегоа на улиците на Скопје во знак на протест против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги прекине сите кривични постапки против политичари од власта и опозицијата.
Претходно, неколку стотини луѓе, организирани на социјалните мрежи, излегоа на улиците на Скопје во знак на протест против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги прекине сите кривични постапки против политичари од власта и опозицијата, кои се поврзани со политичката криза и прислушувањето. Демонстрантите ја гаѓаа со јајца Народната канцеларија на претседателот Иванов на Рекорд во центарот на Скопје. Тие извикуваат „Оставка“, „Убијци“, „Мафија на робија“ и „Нема правда, нема мир“.
Протестот почна во 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство во Скопје, каде што демонстрантите изразија поддршка за неговата работа. Тие сметаат дека денешната одлука на Иванов практично го поништува Специјалното обвинителство, става крај на Пржинскиот договор и крај на надежта за правда и решавање на политичката криза.
„Кога правдата е загушена, улиците не смеат да бидат мирни!“, стои во повикот на протести објавен на социјалните мрежи.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, реагира дека со помилувањето, претседателот Иванов „го заокружил државниот удар“. Заев истакна дека со одлуката да се аболицираат сите политичари, Иванов станува директен соучесник во злосторничкото здружување. Тој посочи и дека со ваквата одлука денеска е укината правната држава и е погребан договорот од Пржино. Заев побара оставка од претседателот Иванов и најави протести.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пак, изрази „силно несогласување“ со одлуката на претседателот, од која изрази „фрапираност и неверување“
Еврокомесарот Јоханес Хан реагира дека одлуката на претседателот Иванов да ги помилува сите вклучени во политичката криза е нешто што според моите сфаќања не е прифатливо и не е во согласност со владеењето на правото. Aко работите продолжат како во моментов, се сомневам дека ова ќе бидат избори кои го подготвиле патот на евроатланската перспектива на земјата, вели Хан.