Претседателот Ѓорге Иванов соопшти дека потпишал одлука со која се прекинуваат сите кривични постапки против политичари кои што се поврзани со политичката криза и аферата прислушување.
Иванов донел одлука за амнестија и за едно веќе осудено лице, кое ја признало вината.
Иванов не ја дообјасни својата одлука, но рече дека е подготвен да ги поднесе сите критики. Тој смета дека со ова става крај на политичката криза.