Рускиот претседател Владимир Путин негира било каква поврзаност со офшор сметките и го опиша скандалот „Панамски документи“ како дел од обидите на Западот за поткопување на Москва. Путин, говорејќи денеска на медиумскиот форум во Санкт Петербург, ги опиша документите од панамската правна компанија, како дел од западната кампања за дезинформации. „Нашите противници се пред се загрижени за единството и консолидацијата на рускиот народ, нашиот мултинационален руски народ. Тие се обидуваат да не поткопаат одвнатре, за да не направат повеќе послушни“, рече тој во првите коментари за скандалот. Околу 11.5 милиони документи протекоа од адвокатската фирма „Мосак Фонсека“. Путин не стоеше конкретно во било кој од протечените документи, но беа некои од неговите пријатели и соработници. Путин негираше дека неговиот долгогодишен пријател Сергеј Ролдугин, кој се појавува во „Панамските документи“ дека е сопственик на офшор средства од две милијарди евра, бил вмешан во нешто лошо.