На судијата пред кого исказ давала поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска му се слошило па затоа исказот во Кривичниот суд е прекинат, при што реагирала Брза помош. Јанкуловска која е осомничена во случајот на СЈО „Тврдина“ денеска пред новинарите рекла дека не е виновна. Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1, требаше да одлучи дали на неа и на двајца началници од УБК и еден архивар од Петтата управа, кои исто така се осомничени во случајот на СЈО наречен „Тврдина“, ќе им бидат одземени патните исправи.