Ахмети ги повлекува министрите на ДУИ од Владата

Централното раководство на ДУИ одлучи да ги повлече своите актуелни претставници од извршната власт на Република Македонија, соопштија вечерва од партијата.

Претседателството, исто така, ги потврди статутарните права и ги делегира сите извршни права и овластувања за донесување одлуки на претседателот Али Ахмети за да одлучи за следните чекори на Демократската унија за интеграција. Демократската Унија за Интеграција, исто така, ја информира локалната и меѓународната јавност дека ќе ги преиспита своите политики во наредните денови, пишува во соопштението на ДУИ.

Во него не се наведуваат причините поради кои ДУИ ја донеле ваквата одлука.