Грција треба да се подготви за долг престој на бегалците на нејзина територија, изјави денеска портпаролката на грчката Влада, Олга Геровасили. Како што јави дописникот на МИА од Атина, таа додаде дека имплементацијата на договорот меѓу ЕУ и Турција „создава правен коридор за бегалците кон Европа“.
Во меѓувреме, околу 50 бегалци денеска ја блокираа железничката линија меѓу Грција и Македонија, кај Идомени. Тие изјавиле дека ќе останат на пругата сè додека не се отвори границата кон Македонија, за да може да го продолжат патот кон Западна Европа.