ДИК ќе ги објави имињата на лицата што теренски ќе се проверуваат

Имињата на лицата од Избирачкиот список за кои теренската проверка започна денеска ќе бидат објавени на веб-страната на Државната изборна комисија. Оваа одлука ја донесе ДИК на денешната седница со 5 гласа „за“ и 4 „против“. Предлогот, имињата на над 87 илјади лица да бидат објавени беше на членот на ДИК од ДПА Бедредин Ибраими, а беше поддржан од неговите колеги предложени од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева и Сашо Срцев, Субхи Јакупи од ДУИ и од членот од редовите на експертите Реџеп Прекопуца. Двајцата членови предложени од СДСМ и двајца од редовите на експертите беа против тој предлог.