Нема доволно докази дека поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, е виновен за две обвиненија за геноцид во седум општини, но се уште нема пресуда за масакрот во Сребреница во кој беа убиени околу 8 илјади муслимански мажи и момчиња, пресуди денеска Хашкиот суд. Трибуналот пресуди дека Караџиќ е виновен за злосторства против човештвото во различни општини во Босна. Читајќи ја пресудата во Хашкиот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија, судија О-Гон Квон денеска рече дека има многу злосторства извршени од силите на босанските Срби против босански муслимани и босански Хрвати во општините во Босна и Херцеговина, но оти тие не се сметаат за геноцид. Изрекувањето на пресудата по другите точки од обвинението сè уште трае.