Во Србија вчера бил уапсен поранешниот директор на Царинската управа Драган Даравелски, по кого беше распишана потерница од страна на македонските власти, потврдија за МИА од МВР, од каде што посочуваат дека тече постапката за негова екстрадиција.
Апсењето е врз основа на потерница која е издадена пред повеќе години, но властите во Белград досега не ја реализираа.
Даравелски е осуден во Македонија со правосилна судска пресуда дека додека беше директор на Царинската управа ја злоупотребил службената положба и сторил финансиски малверзации со кои го оштетил буџетот.
Пред неколку години Даравелски помина извесно време во екстрадициски притвор во Белград, но во меѓувреме стана државјанин на Србија и не беше испорачан во Македонија.