Обвинение Караџиќ - геноцид, убиства, терор

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Караџиќ: Од Собранието на БИХ до судницата во Хаг

Хашкиот трибунал денеска ќе ја соопшти пресудата за поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ. Седумдесет - годишниот Караџиќ е обвинет за кривични дела кои се квалификувани како геноцид, злосторства против човештвото и кршење на законите и обичаите на војната. Тој беше лидер на босанските срби за време на војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година.

Радован Караџиќ се товари за геноцид во Сребреница и уште седум општини во БиХ за време на војната од 1992 до 1995 година. Во другите 9 точки во обвинението пак се зборува за прогон, истребување, убиства, депортации, нехумани дела, тероризирање на цивилно население, незаконски напади врз цивили и земање меѓународни заложници. Овие кривични дела се квалификувани како злосторства против човештвото и кршење на законите и обичаите на војната.

Обвиненијата против Караџиќ се фокусирани врз прогонот на Муслимани и Хрвати во БиХ, кој во 7 општини имал размери на геноцид, кампања на артилериски и снајперски напади со цел тероризирање на населението на Сараево за време на војната во БиХ, земање на персонал на УНПРОФОР за заложници во 1995 година, како и за геноцидот во Сребреница во јули 1995-та.

Во завршните зборови дадени во октомври 2014, обвинителите побараа од судиите да го прогласат Караџиќ за виновен по сите точки од обвинението и да го осудат на доживотен затвор.

Караџиќ, кој се бранеше сам, побара да биде ослободен, тврдејќи дека обвинителите не ја докажале неговата вина. Обвинението против него беше покренато пред 20 години и тоа е три пати менувано. За време на процесот пред суд се изведени 586 сведоци. Радован Караџиќ, како што се наведува во обвинението на Хашкиот Трибунал, од март 1992 до јули 1996 беше на чело на највисоката цивилна и воена власт во Република Српска.

Заедно со Ратко Младиќ, Караџиќ беше еден од клучните учесници во здружен злосторнички потфат, кој траеше од октомври 1991 година до 30 ноември 1995 година. Нивната цел беше трајно отстранување на босанските муслимани и босанските Хрвати од областите на Босна и Херцеговина на кој босанските Срби сметаа дека полагат право извршувајќи злосторства.

Намерата нај екстремно се манифестира во Братунац, Фоча, Кључ, Приједор, Сански Мост, Власеница и Зворник. Во овие места беа убиени несрпски цивили, затворани во затворите во каде беа мачени, убивани, силувани.

Сребреница

Од друга Караџиќ се соочува со обвиненија за геноцид, за злосторствата извршени во Сребреница.

Планот за преземање на енклавата Сребреница започна да се спроведува во март 1995. Во почетокот на јули, силите на босанските Срби ја нападнаа Сребреница. Таму беа убиени повеќе од 7.000 мажи и момчиња босански муслимани

Егзекуции кои се случија и во и околу Сребреница како и на територијата на други општини беа под контрола на армијата на Република Српска.

Сараево

Во периодот од април 1992 до ноември 1995 година, Радован Караџиќ ", во соработка со другите членови во рамките на здружениот злосторнички потфат, учествувале во нападот на Сараево каде беше применета воената стратегија за гранатирање и снајперски напади за да се убијат, осакатат, ранат и тероризира цивилното население во градот.

Како резултат на оваа операција, која траеше повеќе од 1.400 денови беа убиени и ранети илјадници цивили меѓу кои и деца и старци.

Меѓу другите драстични примери наведени во обвинението против Радован Караџиќ ,меѓу другото, се наведува и бомбардирањето на пазарот Маркале на 5 февруари 1994 година, кога од граната истрелана од позициите на Војската на Република Српска загинаа 66, а беа повредени 140 лица.

Караџиќ исто така е обвинет, и за земање мировници на ООН како заложници, и прогони, депортација, нехумани дејства, истребување и убиства.

Во пресрет на објавувањето на пресудата против него од Хашкиот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија.Студентски дом во Пале беше именуван според лидерот на босанските Срби, Радован Караџиќ. Еве ги реакциите.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Укажување чест на Караџиќ во пресрет на хашката пресуда