Трамп - САД трошат премногу за НАТО

Фаворитот на Републиканската партија за кандидат за претседател на САД Доналд Трамп изјави дека Вашингтон треба значително да ги намалат трошоците за НАТО

"Ние секако не можеме да си дозволиме да го правиме ова повеќе. НАТО не чини богатство, и да, ние сме заштита на Европа со НАТО, но ние за тоа трошиме многу пари."", изјави Трамп за Вашингтон Пост.

САД долго време ги повикува сојузниците на НАТО да ги засилат нивниот придонес во Алијансата, која е важен дел на надворешната политика на САД речиси 70 години.

Американски воени трошоци изнесуваа 72 насто од вкупната сума за Алијансата во минатата година. Земјите членки на НАТО ветија дека ќе го зголемат придонесот потрошувачката на 2 насто од бруто домашниот производ, но само пет земји - членки во моментов ја исполнуваат таа цел: Велика Британија, Естонија, Грција, Полска и САД.

Трамп изјави дека ќе работи потесно со рускиот претседател Владимир Путин, чија воена интервенција во Украина ги зголеми тензиите со НАТО.