Министерството за финансии денеска се задолжи за нови 81 милиони евра, иако побара 76 милиони евра, колку што утре доспеваат за враќање. Дополнителниот заменик министер за финансии од СДСМ Кире Наумов реагира дека заклучно со денешната аукција, нето долгот од почетокот на годината е 60 милиони евра. Тој вели дека министерот Зоран Ставрески треба да одговори дали овие средства планира да ги „истури“ во предизборниот период или е свесен за реалната економска состојба и погрешните економски политики на Владата. Речиси на секое задолжување од почетокот на годината, владата се задолжуваше повеќе од што најавуваше.