Судското рочиште за случајот „Поткуп“, закажано за денеска, е одложено бидејќи двајцата адвокати на лидерот на СДСМ Зоран Заев не биле во можност да присуствуваат поради патување во странство. На рочиштето се појави лидерот на СДСМ, кој изјави дека е наместен за овој случај.
„Никаде во светот нема поткуп без примање или давање на пари. Секако, ние ги поднесовме кривичните пријави и против човекот којшто се обидува да мести поткуп заедно во организација со обвинителот којшто го прават тоа. Надвор од сите законски процедури и нормативи воспоставено е следење лично на мене, на телефоните и физичко следење“, изјави Заев.