Тачи – Орелот и крстот се видена игра на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Поставувањето на орелот во Топанско Поле и почетокот на градење на 55-метарски крст во скопски Бутел е веќе видена игра на коалиционите партнери, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, секогаш пред избори да се спечали некој политички поен, рече претседателот на ДПА, Мендух Тачи, кој ги повика граѓаните да не паѓаат на овие провокации.

Тој сепак вели дека не верува оти активностите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ можат да предизвикаат подлабока безбедносна криза во земјава, бидејќи, како што рече, земјава е под силен мониторинг.

По средбата со заменик-помошникот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД Брајан Хојт Ји во американската амбасада во Скопје, Тачи рече дека изборите треба да бидат фер и демократски за на САД да им дадеме силен аргумент за тие да се борат што побрзо да станеме членка на НАТО.