Ограничен проток на бегалци на јужната граница
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
На македонско-грчката граница денеска се пропуштаа мали групи на бегалци. Дел од бегалците кои се наоѓаа на грчката страна, за време на посетата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, премиерот на Словачка Роберт Фицо и словачкиот министер за внатрешни работи, Роберт Калињак викаа „Отворете ја границата“. Тие се жалеа и дека постојано се менуваат правилата и оти ќе останат на границата се додека не им биде дозволен премин.