Македонската полиција употреби солзавец за да ги растера стотиците мигранти и бегалци кои насилно тргнаа кон границата од грчка страна, обидувајќи се да ја урнат оградата, јавува Ројтерс. Фрустрациите кај мигрантите еруптираа по воведувањето ограничувања за проток на мигранти низ Балканот.
Ројтерс јавува дека македонската полиција неколкупати фрлила солзавец кон толпата што насилно се обидувала да ја пробие портата поставена на пругата, на граничната линија меѓу Грција и Македонија. Мигрантите ја блокираат пругата, барајќи да им се дозволи влез во земјата.