Во Полска протести за поддршка на Валенса

Неколку илјади Полјаци излегоа на улиците во Варшава за да дадат поддршка за поранешниот полски претседател Лех Валенса и да протестираат против акциите на новата конзервативна влада кои според многумина може да ги поткопаат основните права и слободи.
Според процените во петокот излегле меѓу 15 000 и 80 000 луѓе.Луѓето држеа портрети со Валенса кој сега се соочува со обвинувања дека соработувал со домашната тајна полиција во седумдесетите години.Валенса рече дека тој потпишал договор за соработка но никогаш не делувал во врска со него. Неговите поддржувачи сметаат дека владата го напаѓа Валенса за политички поени.Владејачката Партија на право и правдата ги доби изборите во ноември.